| четврток, 6 декември 2018 |

Изгласани измените на собранискиот Деловник

Со 63 гласа „за“ пратениците попладнево во рамки на 54 седница ги изгласаа измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието на Република Македонија, пренесува МИА

a8106f15b944aa26b0fc4923291720591
Со деловникот се ограничуваат дискусиите за време на расправата за усвојување на Уставот, уставни амандмани, Буџетот и комисиите кои расправаат за економски закони.
Пратеникот Изет Зеќири од Националната демократска преродба во текот на расправата оцени дека дополнувањата на деловникот се нелегитимни и се носат кога опозицијата е надвор од Парламентот.
Зеќири посочи дека овие забелешки ќе бидат главни во извештајот на Европската комисија и истакна дека одговорноста за тоа е кај владејачкото мнозинство. Побара од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски предложените измени на Деловникот да ги врати во Комисијата за мандатно имунитетни прашања, бидејќи, според него, на Комисијата присуствувале само пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и претседател на матичната Комисија, побара од Зеќири да не ја манипулира јавноста и доколку го прави тоа да го прави врз основа на, како што рече, барем еден факт. За Деловникот, посочи Николовски, Зеќири не поднел ниту еден амандман, а работата на Комисијата ја користел за сопствена политичка промоција.
Собранието треба да продолжи со работа по преостанатите точки од седницата утре напладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top