Македонија ги исполнува двата услови за да биде членка на НАТО, согласно формалната позиција на Алијансата дека членството е отворено за која било европска држава во позиција да ги унапреди принципите на договорот и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област. Доколку не биде примена во НАТО на следниот Самит, Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име, смета Робин О Нил, амбасадор и прв медијатор во грчко македонскиот спор околу името, во интервју за ТВ „Сонце“.
Според него македонската влада треба да лобира кај сите членки на НАТО и да ги замоли да прифатат дека во оваа работа, тие треба да бидат подготвени да дејствуваат со консензус, дури и со еден член со приговори, и да се прими Македонија во членство на Алијансата на следниот состанок на Самитот на НАТО, во Обединетото Кралство, во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток