Тинејџерка од исламска вероисповед во Бирмингем била силувана од 30-тина мажи од арапско потекло, а во тортурата која траела цели шест часа учествувале и татко и неговиот син на училишна возраст, јавува Дејли мејл.
Девојката била силувана во групи, меѓу кои имало и таксисти кои доаѓале во неколку наврати и човек кој го донел својот син во школска униформа и го пуштил да учествува во злочинот.
Мажите кои ја силувале девојката биле осудени на вкупно 54 години затвор.
Случајот на девојката која била групно силувана создал решителност на властите во Велика Британија да им се застане на патот на бандите што ги малтретираат жените во затворените доселенички заедници. Жртвите на овие напади многу поретко ѝ се обраќаат на полицијата, најверојатно од страв дека ќе бидат отфрлени од страна на семејствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.