| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува градбата на автопатот Кичево- Охрид

автопатДенеска ќе почнат работите на автопатот Кичево- Охрид. Со свеченост во кичевското село „Извор“ и официјално ќе започне изградбата на овој автопат значаен за Западна Македонија. По вчерашното почнување на изградбата на автопатото Миладиновци-Штип, кинеската компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ ја почнува работата и на оваа автопатска делница, која ќе чини 274 милиони евра.

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетонски мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1.990 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top