| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска подобра од Финска за финале на хокеарскиот турнир

Шведска ќе игра во финалето на силниот хокеарски турнир во Сочи, по победата над Финска со 2-1. За селекцијата на „трите круни“, тоа ќе биде можност да го освои третиот златен медал во историјата на Зимските олимписки игри, а противник ќе им биде победникот од северноамериканското дерби меѓу Канада и САД, кој ќе се игра од 18 часот.

Во скандинавската пресметка Финска поведе со 1-0 со голот на Оли Јокинен во 27. минута, а пресврт за финале на Швеѓаните им обезбедија Луи Ериксон со израмнувачки погодок  во 32. минута и Ерик Карлсон со прецизен удар пет минути подоцна. Во првиот и последниот период мрежите мируваа, доволно за пласман во финалето за Швеѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top