| четврток, 6 декември 2018 |

Продукти од кои косата расте побрзо

Неколку промени во исхраната се доволни за вашата коса да расте побрзо, а истовремено да биде бујна и здрава.

Лосос

Оваа риба е богата со витамин Д и протеини, кои се одлични за вашата коса. Таа исто така содржи омега- 3 масни киселини, кои го стимулираат растењето на косата и го одржуваат скалпот здрав.

Жолта пиперка

Содржи речиси пет и пол пати повеќе витамин Ц од портокал ( 341 мг наспроти 63 мг). Витаминот Ц е антиоксиданс, кој ја засилува косата и го спречува нејзиното кинење.

Остриги

Недостигот од цинк е една од причините за губењето на косата, а морските школки се богати со цинк.

Јајца

Јајцата се одличен извор на омега- 3 масни киселини, а, исто така, содржат и биотин, кој го поттикнува растењето на косата.

Семки од сончоглед

Само неколку семиња ќе ви овозможат д внесете многу витамин Е, кој го подобрува протокот на крв во скалпот и го  поттикнува растот на косата.

Авокадо

Поради високата концентрација на есенцијални масни киселини што се наоѓаат и во клетките на кожата, авокадото одамна е познато како одличен природен додаток за убавина. Кога се нанесува на косата и скалпот, го стимулира производството на колаген и на еластин. Измешајте малку авокадо и крем и нанесете ја смесата на косата и на скалпот. Задржете ја маската 10 минути, а потоа исплакнете ја.

Бадеми

Овие плодови ќе ја направат вашата коса погуста и ќе го поттикнат нејзиното растење благодарение на високиот процент на биотин. Резултатите ќе бидат видливи ако тие редовно се консумираат  еден до два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top