Млад штипјанец е во притвор откако полицијата утврдила дека ја силувал 12-годишната ќерка на негови пријатели кај кои отишол на гости.
СВР Штип поднесе кривична пријава за Ш.Ј.(21) од Радовиш поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело полов напад врз малолетник што не навршил 14 години. Имено, на 18.2.2014 година во семејната куќа на Б.С.(29) во Штип, Ш.Ј.(21) од Радовиш, кој бил на гости кај Б.С., извршил полов напад врз нејзината малолетна ќерка на возраст од 12 години. Од страна на судија, по претходна постапка, на пријавениот му е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.