| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн: Тато, не те познавам, но поради тебе сум тоа што сум

Кошаркарот на Мајами Леброн Џејмс, кој е еден од најдоминантните спортисти во светот, никогаш не го видел својот татко и пораснал само со мајка си на која вчера, на нејзиниот роденден, ѝ подари ново „порше“.

Сосема неочекувано, Леброн на „Инстаграм“ напиша отворено и емотивно писмо посветено на својот татко:

– Тато, знаеш што, јас немам поим кој си, но поради тебе сум тоа што сум денес. Моќта што ја користев е тоа дека не си до мене, тоа е делумно причината што јас пораснав во тоа што сум. Тоа е причината што сакам да бидам со тие што се трудат околу мене. Јас сум во позиција да ги пуштам луѓето околу мене да растат и да напредуваат, можеби тоа не би се случило ако имав двајца родители, две сестри, куче и дрвена ограда околу нашиот двор, знаеш?

Засега не е познато зошто Кралот го напишал ова, но, најверојатно, сакал само да си ја олесни душата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top