Грчката екстремно десничарска партија Златна зора е воена структура, која располага со оружје и со јасно изразени референци, поврзани со нацизмот, е заклучокот на истражните власти во Грција, кој е поднесен во Парламентот со барање да се одобри судска истрага против девет пратеници од таа партија поради криминални дејства.
Во документот се наведува дека Златна зора е организација, која е формирана кон крајот на 80-тите години од минатиот век од нејзиниот лидер Никос Михалолиакос, кој се наоѓа во затвор, со мал број истомисленици и со идеолошка ориентација кон националсоцијализмот со јасни референци, поврзани со Третиот рајх, Хитлер и СС-единиците.
Истражните власти најмногу се осврнуваат на хитлеровските поздрави, кои се користат од претставниците на Златна зора.
Тие поднеле и докази дека членовите на оваа партија учествуваат во паради, на кои маршираат како војници и се облечени во униформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос
-
„Златна зора“ повторно убива низ Грција
-
Неофашистите на „Златна Зора“ направија нов скандал поради Македонија и Турција во ЕП
-
„Златна зора“ не успеа, во Брисел формирана „Групата на пријатели на Македонија” (видео)