| четврток, 6 декември 2018 |

Стечајците можат само со лична карта да поднесат барање до Агенцијата за вработување

agencija-za-vrabotuvanje-520x238

Околу три илјади стечајци кои останале без работа од фирми што се приватизирале, во период од 2000 до 2004 година, а биле во доминантна државна сопственост, од денеска само со лична карта ќе можат да поднесат електронско барање до Агенцијата за вработување на Македонија.

– Со цел обезбедување социјална сигурност на лицата кои останале без работа поради приватизација на фирми со доминантна сопственост на државата Агенцијата за вработување од денеска ги прима барањара за материјално обезбедување во вид на парична надокнада. Во следните 30 дена сите граѓани кои сметаат дека се во оваа група ќе може да поднесат барање до 30-те центри на Агенцијата и во 10-те дисперзирани канцеларии – рече директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Сите граѓани кои сметаат дека влегуваат во оваа група можат да поднесат барање до АВРМ од денеска, па сѐ до 22 март, а потребно ќе биде само со важечка лична карта да поднесе барање во електронска форма до Агенцијата.

– За да го остварат ова право, граѓаните треба да се од фирми во доминантна државна сопственост, каде што им престанал работниот однос, да имаат најмалку 25 години работен стаж од денот на престанокот на работниот однос утврден со М4 образецот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во меѓувреме на престанокот на работата во овие фирми до денот на поднесување на барањето да немаат престанок кај друг работодавец по нивна волја и вина – појасни Поповски.

За да го оствари правото на паричен надоместок, треба да ги исполнува сите овие услови кумулативно.

Невработените лица што не го испочитувале рокот, односно 22 март, иако ги исполнуваат условите, нема да можат да го остварат ова право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top