Во Никарагва им се суди на тројца мажи бидејќи се обиделе да украдат две банани. Проценетата вредност на бананите е 32 американски центи. Судењето ќе чини најмалку 600 долари.
Тужителите соопшрија дека во прелиминарната постапка дошле до сознанија дека тројцата мажи се обиделе да украдат банани од еден продавач во декември. Тие почнале да бегаат со украденото овошје, но биле фатени. Двајца се притворени во локалниот затвор, а третиот е во домашен притвор. Судењето треба да почне на 23 април.
Адвокатот Иван Моралес изјави дека одлуката кривично да се гонат тројцата мажи е необајснива.
– Беспредменто е да има судење кое ќе чини многу пари, за две банани – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.