Петок носи претежно облачно време и можност за слаби повремени локални врнежи во западниот регион. Во текот на денот ќе дува претежно слаб ветер од југоисточен правец.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност меѓу 11 и 14 Целзиусови степени во низините и на повисоките места во источниот регион. На запад, пак, повисоките места ќе имаат максимална температура на воздухот до 9 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со мала веројатност за слаб локален дожд. Ќе дува претежно слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе има вредност околу 3 степени, а максималната околу 11 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.