| четврток, 6 декември 2018 |

Градинките во Битола со сончеви колектори

soncevi kolektori

Двете најголеми детски градинки во Битола „Мајски цвет“ и „Естреjа Овадија – Мара“ добија сончеви колектори, со кои ќе ја загреваат санитарната вода. До сега, водата во градинките се загреваше на електрична енергија. Со ова се очекува да се заштеди на сметките за струја.

– Финансиската заштеда е 100.000 денари, на енергијата 12.000 кв годишно –  изјави Лидија Митревска, директор на „Мајски цвет”.

Општина Битола во комбинираниот систем за загревање на санитарна топла вода во двете најголеми градинки инвестираше 2,6 милиони денари.

– Веќе размислуваме ова да го прошириме и во другите градинки и училиштата – изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Во „Естреjа Овадија – Мара“ вградени се 10 сончеви колектори, а во „Мајски цвет“ – 8. Во деновите кога нема сонце, системот има можност да се загрева преку централниот систем за греење, кој работи на нафта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top