„Ендава“ една од најбрзо растечките компании за ИТ услуги во Европа со 1500 вработени лица со полно работно време, формира центар за развој во Скопје, каде што планира да вработи 100 луѓе во наредните 12 месеци и преку 400 луѓе во следните 4 години.
Седиштето на „Ендава“ е во Лондон, а има канцеларии во Франкфурт, Њујорк, Атланта, Глазгов и Оксфорд. Фирмата има докажан и успешен модел на испорака со комбинирање инженерска извонредност од нејзините локации во источна Европа со индустриска експертиза во своите целни пазари.
„Ендава“ беше ставена на списокот помеѓу првите 100 аутсорсинг компании во светот и има растечка стратегија која е фокусирана на проширување на своето присуство во Источна Европа, преку постојан раст на своите постоечки центри за развој и поддршка и преку отворање нови канцеларии. Фирамта е е еден од најактивните работодавци во ИТ секторот во Романија и Молдавија, каде што компанијата има центри за испорака во главните ИТ центри во регионот: Букурешт, Кишињев, Клуж и Иаси, а компанијата неодамна беше именувана за број еден работодавец во ИТ секторот во Романија.
Вработените во „Ендава“ испорачуваат ИТ решенија за големи мултинационални компании во секторите: банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво. Компанијата прави значајни инвестиции во професионалниот развој на своите вработени, од врвни обуки преку програмата на универзитетот „Ендава“ до практикантска работа и програми за постдипломски студии во сите свои канцеларии во Источна Европа.
Фирмата планира годишен пораст од 25 проценти во бројот на вработени во постоечки локации во Романија и Молдавија, каде што веќе има над 1300 вработени. Во Македонија, во следните 12 месеци компанијата ќе вработи 100 луѓе за својот нов центар за испорака и планира да ги зголемат тимовите во следните 4 години на над 400 лица, што ќе претставува околу 10% од вкупниот бројот на вработени на ниво на група.
Македонија е позната како најбрзо растечки пазар во ИКТ секторот во јадранскиот регион. Со 41% од населението на возраст под 30 години и со зголемување на бројот на образовани млади луѓе, во Македонија процентот на дипломирани студенти по ИКТ речиси двојно се зголеми во текот на последните четири години. Скопје веќе има силна ИТ заедницата со 8000 членови. Локалните универзитети основаат јаки факултети за компјутерски науки, со нови 800 дипломирани студенти секоја година, помагајќи да се следи и поддржува брзо растечкиот ИТ сектор.
– Нашиот успешен бизнис води кон натамошно проширување во Источна Европа. Скопје има голем потенцијал за ИТ секторот како резултат на јаките универзитети и високо образованата работна сила со одлични јазични вештини. Ние исто така сме охрабрени од поволната бизнис клима во Македонија и отворениот пристап на локалните власти и институции. Сакаме да изградиме силен тим во Скопје и исто така сакаме да создадеме вредност на пазарите каде што сме присутни со тоа што ќе понудиме возбудлива кариера за искусни ИТ професионалци, преку водење на програми наменети за дипломирани студенти по ИТ, и на тој начин зголемување на нивото на знаење на пазарот – изјави Џон Котерал, извршен директор на „Ендава“.
Според Висар Фида, извршен директор на „Инвест Македонија“ оваа фирма ќе донесе квалитет и иновативни практики во ИТ секторот.
– Со овој инвестициски проект очекуваме нашата земја да има корист во многу аспекти. Ендава ќе донесе квалитет и иновативни практики во нашиот ИТ сектор, а во исто време нашите дипломирани студенти по информатичка технологија ќе имаат можност да работат за една од најдобрите британски компании во оваа индустрија. Поради овие причини со големо задоволство го објавувам овој инвестициски проект и ѝ посакувам добредојде на „Ендава“ – рече Фида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Авиокомпаниите задолжително ќе го осигуруваат багажот и пратките
-
Компанијата „Галф“ обвинета за финансиски криминал, кај нас на отворањето удостоена со министри од Владата
-
Компанијата Лубринафт ќе произведува хидраулични и други масла за подмачкување во Неготино
-
Груевски денеска ќе присуствува на отворањето на компанијата „OneConnect“