| четврток, 6 декември 2018 |

Нов директор на „Макфест“ е Дарко Мијалковски

darko mijalkovski

Нов директор на музичкиот фестивал „Макфест“ е Дарко Мијалковски, авторот и водител на “Суперѕвезда”. Нов уметнички директор е Оливер Арсовски, виолинист и ексдиректор на МОБ, додека технички директор е Трајче Јованов, новинар во Радио Штип.

– Раководните лица на ‘Макфест’ веќе се одбрани. Заедно со тимот од Општината и со несебична поддршка од Владата и од Министерството за култура, ќе направиме многу подобар фестивал од досега. ‘Макфест’ и понатаму ќе се грижи за македонската музика. Општина Штип максимално ќе се вложи во организацијата на фестивалот –  рече градоначалникот Илчо Захариев.
Конкурсот за избор на нови песни трае до крајот на март. “Макфест”, по 28 години, за прв пат место во втората недела од октомври, ќе се одржи во последната недела од мај. Годинава, на 29. издание, новина е тоа што првата награда изнесува 20.000 евра, втората 15.000 илјади евра, а третата 10.000 евра, и тоа што фестивалот ќе се одржи комплетно во живо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top