| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга бараат одговор зошто е уапсен помошникот на СВР Охрид

Policija-Ohrid

Помошник-началникот на СВР Охрид, Башким Чолаку, е приведен поради злоупотреба на службената должност, дознава „Република“.

Стружанецот Чолаку е на оваа функција еден месец, а претходно бил заменик-командир на граничниот премин „Ќафасан“. Струшката јавност е вознемирена по веста за апсењето и бара одговори зошто е уапсен.

Засега МВР не соопштува официјално која е причината за неговото приведување. Повеќе детали очекуваме во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top