| четврток, 6 декември 2018 |

И Вашингтон ќе добие модерно панорамско тркало

washington trkalo

Денеска во Вашингтон почнува изградбата на големото панорамско тркало од кое ќе може да се разгледаат историските знаменитости низ градот.

Тркалото се гради во поранешното пристаниште, индустриска зона која во изминатите години интензивно се трансформира, со изградбата на нови, скапи хотели и станбени згради. Тркалото ќе биде високо повеќе од 50 метри, а неговата изградба ќе чини околу 15 милиони долари.

Се очекува тркалото да биде готово до април или мај.

Инвеститорот, компанијата „Питерсон“ која досега има вложено милијарди во развојот на националното пристаниште, вели дека панорамското тркалото ќе има 42 климатизирани гондоли, во кои посетителите ќе можат околу 15 минути да уживаат во погледот на реката Потомак и главниот град, од Конгресот до Белата куќа, споменикот на Џорџ Вашингтон и меморијалниот центар „Арлингтон“.

Комплексот околу националното пристаниште е познат по новиот, луксузен хотел „Гејлорд“, а наскоро се очекува на ова место да биде отворено и големо казино, откако сојузната држава Мериленд, каде што се наоѓа пристаништето, во 2012 година на референдум го легализираше коцкањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top