| четврток, 6 декември 2018 |

Киев е воена зона, Динамо ќе ѝ биде домаќин на Валенсија во Никозија

Киев е воена зона, има немири со жртви, што предизвика преместување на натпреварот од Лигата на Европа меѓу Динамо и Валенсија во Никозија. Осминафиналниот дуел ќе се игра на Кипар, додека останатите два украински клуба Черноморец и Днипро, кои се домаќини, ќе си играат на своите стадиони против Лион, односно Тотенхем.

Шахтар од Донецк го пополнува квартетот украински клубови во ова натпреварување, а тие ќе гостуваат денеска во Чешка кај Плзењ. Тој дуел почнува во 21.05 часот, а останатите три украински екипи ќе играат од 19 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top