| четврток, 6 декември 2018 |

„Снежната кралица“ Катарина Вит пред 30 години го освои првото злато на ЗОИ

katerina vit

Катарина Вит на настапот во Сараево пред 30 години

Катарина Вит е германската златна девојка во уметничкото лизгање, која пред точно 30 години го освои најсјајниот олимписки медал кога имаше само 18 години. Во својата кариера таа освои две олимписки злата – првото во Сараево, на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сараево 1984 година и следното во Калгари четири години подоцна.

– За еден спортист е најголема чест ако може да учестува на Олимписки игри, а уште и ако освои медал, на радоста и гордоста им нема граници. Мојата цел беше да се вратам дома со златен медал – напиша снежната кралица на својот профил на „Фејсбук“.

Вит, која беше една од најголемите ѕвезди во Сараево, објаснува дека најголем противник ѝ била американската лизгачка Росалин Самерс. Таа со одушевување говори и за една случка во Сараево и како еден новинар прокоментирал: „Само што ја видов Брук Шилдс на лизгалки“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top