| четврток, 6 декември 2018 |

Бјорндален во историјата на ЗОИ со 13 медали

2012 Biathlon World Championships

Норвешкиот биатлонец Оле Ејнар Бјорндален со денешниот златен медал во штафетната мешана трка (2х6 км жени и 2х7,5 км мажи) стигна до бројката од 13 медали на Зимските Олимпски игри. Тој е спортистот кој има најмногу медали на Олимпијадите со осум златни одличја. Бјордален успеа да го надмине легендарниот сонародник Бјорн Дели кој исто така има осум злата, но застана на бројката од 12 медали.
На денешната штафета, Норвешка беше убедлива, а боите ги бранеа Тора Бергер, Оле Ејнар Бјорндален, Тирил Екхоф и Емил Хегле Свендсен. На втората позиција се најде штафетата на Чешка, додека третото место и припадна на Италија.

Biathlon

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top