Хокеарските селекции на САД и Канда ќе играат во второто полуфинале на турнирot на Зимските Олимписки игри во Сочи. САД во дерби дуелот од четвртфиналето ја совлада селекцијата на Чешка со 5-2. Тие лесно уште во првата третина поведоа со 3-1 и до крајот на натпреварот рутински да дојдат до победата.
Канада се мачеше со Летонија во текот на целиот меч. Канада поведе со 1-0 со голот на Шарп, но Летонија не се предаде и израмни уште во првиот дел од играта. Сепак Канада во третиот дел на седум минути до крајот, успеа да постигне гол и да се пласира во полуфиналето.
Во второто полуфинале ќе играат Шведска и Финска која успеа да направи големо изненадување совладувајќи ја Русија со 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




