| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварските ученици тврдат: Не симулиравме труење

gostivar

Учениците и вработените од средното економско училиште во Гостивар, кои во петокот побараа медицинска помош откако се пожалија симптоми на труење, денеска изјавија дека навистина имало симптоми на труење, и според нивните зборови тоа не биле симулации.

– Бараме од сите институции, што побрзо да го расветлат случајот, а партиите да не го злоупотребуваат настанот, рече Јасмина Асани, професор во СЕОУ Гостивар, која беше една од хоспитализираните професори.

Соопштението со реакцијата од средношколците беше прочитано само на албански јазик, а по инсистирање на новинарите еден од учениците се потруди на македонски јазик да објасни на што се однесува нивната рекација.

За потсетување, по извршените анализи од клиниката за токсикологија и Судска медицина вчера излегоа со информација дека кај учениците и професорите не биле пронајдени никакви траги на труење. Вештачењата на МВР покажале дека во брисевите и облеката на учениците немало присуство на отровни супстанци. Во петокот 60-тина вработени и ученици од албанските паралелки во економското училиште во Гостивар побараа лекарска помош жалејќи се на отежнато дишење, печење на очите и гребење во грлото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top