Утре, 20 февраури, во Кочани, во ресторанот „Национал“, во 12 часот ќе се организира работна средба со учество на преработувачи и на нивни сегашни и потенцијални кооперанти. Ова е прва од трите средби што се планирани. На оваа работна средба ќе бидат презентирани меѓународни искуства за договорни односи и за производство, која ќе ја спроведе Маргрет Вил – меѓународен стручњак со богато искуство во соодветната област.
Во рамките на поддршката што Швајцарската програма за промоција на увозот (SIPPO) ѝ ja обезбедува на Македонската асоцијациај на преработувачи (МАП) се спроведува активност за подобрување на дијалогот и за зацврстување на кооперантските односи на преработувачите со снабдувачите на суровини – примарните земјоделски производители.
Оваа активност има за цел да им го доближи принципот на долгорочно планирање и на посилна вертикална интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук, како и стабилизирање и сигурно снабдување на суровина за преработувачите. Дополнително, оваа активност има цел да ја подобри веќе воспоставената соработка меѓу фармерите и преработувачите и да придонесе за зголемена конкурентност, но и за постабилни приходи за сите учесници во овој вредносен синџир.
Следните работни состаноци ќе бидат организирани во текот на март 2014 година во струмичкиот и во гевгелискиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цените на производителите на индустриски производи во август повисоки за 2,7 отсто
-
Заштита на интересите на производителите: Ќе се подобрат условите при откуп и исплата на винското грозје
-
Во јули намалени цените на производителите на индустриските производи на домашниот пазар
-
Пониски продажните цени на индустриските производители