| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре автомобил на гас на автопатот Гостивар-Тетово

nesrekaСиноќа во 20 часот и 30 минути во сообраќајна несреќа е повреден неготинец, додека автомобилот целосно изгорел.

До несреќата дошло заради пукање на неговото возило „Дачија Логан“ со прилепски регистарски таблички. Возачот загубил контрола врз возилото кое излетало од патот, се превртело, запалило и многу брзо целосно изгорело. 44-годишниот С.А. се извлекол од возилото и со повреди на главата и телото бил префрлен во тетовската клиничка болница каде по укажаната помош надвор од животна опасност е задржан за понатамошно лекување, информира полицијата.

По овластување на јавниот обвинител екипа на СВР Тетово извршила увид на местото од несреќата и според првичните информации пожарот во автомобилот го предизвикал монтиран гасен уред кој што при превртувањето експлодирал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top