Вистински олстар потег направи раководството на Филаделфија сиксерс, потпишувајќи договор со момче што има Даунов синдром. Кевин Гроу синоќа беше дел од тимот на мечот против Кливленд кавалирс, иако немаше многу причини за радост, бидејќи Сиксерс загубија со 85-114.
Гроу на претходните два натпревари на средношколскиот тим за кој настапува уфрли 14 поени, а веднаш реагираше раководството на Филаделфија и со прекрасен гест му даде шанса макар и за кусо да биде дел од НБА тимот. Станува збор за специјален договор според кој Кевин ќе добие свој дрес, ќе тренира и ќе се дружи со играчите од тимот.
Ноќеска Сиксерс загубија, но можеби во следниот меч ќе го израдуваат Гроу со победа.
Вечерта ја одбележа и фантастичниот Леброн Џејмс со учинок од 42 поени, 9 скока и 7 асистенции, предводејќи го Мајами до победа од 117-106 против Далас.
Останати резултати: Индијана – Атланта 108-98, Вашингтон – Торонто 93-103, Детроит – Шарлот 96-108, Мемфис – Њујорк 98-93, Милвоки – Орландо 104-100, Денвер – Феникс 107-112 (по едно продолжение), Л.А клиперс – Сан Антонио 103-113.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


