Германската авиокомпанија Луфтханза (Lufthansa) најави дека патниците на авионите Ербас (Airbus) од 1 март ќе можат да уживаат во паметните телефони и таблетите за време на летот. Забраната за телефонски разговори, сепак останува во сила, пренесе Франс прес.
Од јануари компанијата веќе се дава можноста за употреба на електронските апарати при летовите со авиони Боинг 747-8.
Сега патниците на Луфтханза ќе можат да уживаат во паметните телефони или лап-топ компјутерите во текот на целиот лет со 250 од авионите на компанијата, која се надева наскоро да добие дозвола и за други модели авиони.
Останатите телефонски комуникации преку интернет, остануваат забранети за време на летот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


