
Средината на оваа недела ќе донесе уште еден натпросечно топол февруарски ден. Сосема мала облачнoст ќе има во текот на денот, пред се во северните делови од земјата, но сепак денот воглавно ќе помине во сочево време.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност помеѓу 17°С и 20°С во низините, но и на повисоките места во источниот крај. Максимални 22°С се очекуваат во Пелагонискиот и гевгелискиот регион. Повисоките места во западниот крај повторно, како и денот преходно, очекуваат исто така висока дневна температура, со максимум околу 15°С.
Во Скопје се очекува повремено наоблачување, но сепак главната одлика на денот ќе биде сончевото време. Максималната вредност на температурата ќе деостигне 19°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


