Претседателот на опозициската парламентарна група на партијата Татковина, Арсениј Јацењук побара од украинскиот претседател Виктор Јанукович да прогласи примирје до утре.
Јацењук го упати барањето до Јанукович од киевскиот плоштад Независност, каде украинската полиција се обидува да ги растера илјадниците демонстранти.
Во меѓувреме, најбогатиот Украинец, бизнисменот Ринат Ахметов изјави дека „никакви околности не можат да ја оправдаат употребата на сила врз мирното население“.
Тој побара да прекине крвопролевањето на улиците во Киев, да се обнови преговарачкиот процес и да се изнајде решение за излез од политичката криза во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени