Американскиот магазин „Форбс“ објави податоци за НБА-играчите кои годишно заработуваат најмногу од нивните спонзори, а бројките се неверојатни.
Можеби очекувано, листата ја предводи двојниот последователен шампион и МВП, Леброн Џејмс, кој заработува 42 милиони долари годишно од спонзорите, на второ место е Брајант со 34 милини, а нив ги следат Роуз со 21, како и Дурант со 14 милиони долари.
Она што е интересно е дека Леброн заработува точно три пати повеќе од Дурант, кој полека му ја презема лидерската позиција кога е во прашање најдоминантниот кошаркар во НБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.