| четврток, 6 декември 2018 |

Крајот на светот е оваа сабота

Според нордиската митологија , со дување во рог, античкиот бог Хемидалр (Hemidallr) сигнализирал сто дена до крајот на светот. Добрите познавачи на оваа митологија тврдат дека апокалипсата според Викинзите паѓа на 22 февруари оваа година, поточно оваа сабота.

Викинзите верувале дека крајот на светот, познат кај нив како „Rangarok“, ќе дојде по три студени зими, а во целиот свет ќе завладеат војни, кои ќе ја најават апокалипсата.

Според легендата, ќе исчезнат и сонцето и месечината, предизвикувајќи вечен мрак на Земјата. Експертите за нордиската митологија пресметале дека сето тоа ќе се случи на 22 февруари.

Даниела Даглан од центарот „Норвинг Викинг“ изјави за „Меил онлајн“ дека неодамна се случиле многу настани кои укажуваат на тоа дека викиншката легенда за крајот на светот е точна.

– Во последните неколку години имавме најави за апокалипса според Маите, но сè помина без инциденти. Звукот на античкиот рог е најдобар показател дека верзијата за крајот на светот според Викинзите е вистинита – убедена е Даглан, која воедно е и директор на фестивалот „Јрвик Викинг“, кој завршува точно на 22 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top