
Извесен Боро од Македонија ја спасил девојката, која преживела страшна сообраќајна незгода, која се случила во близина на Ниш, соседна Србија. Во сообраќајната несреќа животот го загубил 32-годишниот Владица Нивковиќ. Тој и неговата 23-годишна девојка Јелена Ружиќ се враќале од свадба на блиски пријатели. По пат доживеале ужасна сообраќајна несреќа.
-Не се сеќавам на моментите пред несреќата, само помнам дека се освестив и слушав плач и викотници. Некако успеав да излезам од искршениот автомобил и да излезам на патот. Застана еден автомобил во кој имаше еден човек од Македонија и веднаш ме однесе в болница. Ми го спаси животот – раскажала Јелена.
Нејзината мајка Снежана вели дека му е бескрајно благодарна на човекот што ѝ го спасил животот на Јелена.
-Само знам дека се вика Боро и дека е од Македонија. Тој ја спаси ќерка ми. Сè би дала да го видам пак и да му се заблагодарам што ѝ помогна на ќерка ми – изјавува Снежана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


