| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец спасил девојка во Србија

Некако успеав да излезам од искршениот автомобил и да излезам на патот. Застана еден автомобил во кој имаше еден човек од Македонија и веднаш ме однесе в болница. Ми го спаси животот - раскажува Јелена

soobrakajka
Извесен Боро од Македонија ја спасил девојката, која преживела страшна сообраќајна незгода, која се случила во близина на Ниш, соседна Србија. Во сообраќајната несреќа животот го загубил 32-годишниот Владица Нивковиќ. Тој и неговата 23-годишна девојка Јелена Ружиќ се враќале од свадба на блиски пријатели. По пат доживеале ужасна сообраќајна несреќа.

 -Не се сеќавам на моментите пред несреќата, само помнам дека се освестив и слушав плач и викотници. Некако успеав да излезам од искршениот автомобил  и да излезам на патот. Застана еден автомобил во кој имаше еден човек од Македонија и веднаш ме однесе в болница. Ми го спаси животот – раскажала Јелена.

 Нејзината мајка Снежана вели дека му е бескрајно благодарна на човекот што ѝ го спасил животот на Јелена.

-Само знам дека се вика Боро и дека е од Македонија. Тој ја спаси ќерка ми. Сè би дала да го видам пак и да му се заблагодарам што ѝ помогна на ќерка ми – изјавува Снежана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top