Овој вторник е на добар пат да биде најтопол ден од овогодинешниот месец февруари. Времето ќе биде сончево и генерално потопло во однос на понеделник.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност помеѓу 17°С и 20°С во низините, но и на повисоките места во источниот крај. Максимални 22°С се очекуваат во Гевгелискот регион. Повисоките места во западниот крај очекуваат исто така висока дневна температура, со максимум околу 15°С.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе има вредност околу 19°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.