| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја: Осуммина студенти загинаа, а 15 се повредени под урнатиот покрив од амфитеатар

pokriv

Осуммина студенти загинаа во јужнокорејскиот град Ѓенџу, а 15 се сериозно повредени, откако заради натежнатиот снег се урна таванот на амфитеатарот, пренесоа светските агенции. Полесно се повредени 58 лица.

Спасувачите стравуваат дека уште најмалку 10 лица можно е да се останати затрупани под урнатините. Претходно агенциите соопштија за 50 затрупани и дека пожарникарите се подготвуваат да употребат тешка техника за да стигнат до евентуални преживеани.

Силната снежна виулица им пречи на спасувачите во операциите на вадење на преживеаните.

Во зградата, во која се одиграла трагедијата, бил организиран пречек на студентите од прва година на Универзитетот за странски истражувачи во градот Пусан.

За време на инцидентот во зградата имало над 500 студенти. Многу од нив успеале да излазат сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top