| четврток, 6 декември 2018 |

Судирот на Руската црква со Цариград – шанса за МПЦ-ОА

Иа­ко од­лу­ки­те на пра­вос­лав­на­та кон­фе­рен­ци­ја во Шам­бе­зи не се во пол­за на Ма­ке­до­ни­ја, пос­лед­ни­те из­ја­ви на ру­ски­от па­три­јарх да­ва­ат на­деж де­ка Ру­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква по­втор­но са­ка да удри врз Ца­ри­град – пре­ку Ма­ке­до­ни­ја

Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква-Охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја (МПЦ-ОА) е пред исто­ри­ска шан­са да го до­бие то­мо­сот (приз­на­ва­ње­то од дру­ги­те пра­вос­лав­ни цр­кви) ко­ри­стеј­ќи го ла­тент­ни­от су­дир ме­ѓу Ру­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква (РПЦ) и Ца­ри­град­ска­та па­три­јар­ши­ја? Да­ли из­ја­ва­та на па­три­јар­хот Ки­рил, да­де­на по сред­ба­та со пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов, де­ка не­приз­на­ва­ње­то на МПЦ ја сла­бее по­зи­ци­ја­та на пра­вос­ла­ви­е­то, го на­ве­сту­ва ма­ке­дон­ско-ру­ски­от со­јуз? Има ли на­ме­ра Мос­ква да му вра­ти на Ца­ри­град за приз­на­ва­ње­то на Естон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква во 1997 го­ди­на (ку­му­ва­но од За­па­дот) са­мо за да Есто­ни­ја не би­де во со­ста­вот на РПЦ, со тоа што ќе из­дејс­тву­ва приз­на­ва­ње на МПЦ? Ка­ква е уло­га­та на Ва­ти­кан во се­то тоа?

Ова се пра­ша­ња кои ка­ко са­ми­те да си го да­ва­ат од­го­во­рот. Но, на­ви­сти­на, да­ли има на­деж за приз­на­ва­ње­то на МПЦ-ОА, ус­пех кој би имал да­ле­ко­сеж­ни пос­ле­ди­ци, ду­ри и врз спо­рот за име­то. Да ги пог­лед­не­ме на­ста­ни­те и ар­гу­мен­ти­те кои се за и про­тив.

Dosie76-2

Средба на Ѓорѓе Иванов со рускиот патријарх Кирил

 

Не­ма па­па во пра­вос­лав­но­то хри­сти­јанс­тво

Де­це­ни­ски­от су­дир ме­ѓу Мо­сков­ска­та и Ца­ри­град­ска­та па­три­јар­ши­ја е ед­на нез­го­да ко­ја му на­не­су­ва огром­ни ште­ти на пра­вос­ла­ви­е­то. Ду­ри и Ва­ти­кан че­сто во сво­јот вес­ник „Ва­ти­кан ин­сај­дер“ об­ја­ву­ва де­ка вна­треш­ни­от су­дир на ор­то­докс­на­та цр­ква ја по­пре­чу­ва ми­ле­ни­ум­ска­та жел­ба на вер­ни­ци­те од две­те се­стрин­ски цр­кви за по­ми­ру­ва­ње. Ва­ти­кан­ски­те кар­ди­на­ли че­сто пра­шу­ва­ат со ко­го тре­ба да раз­го­ва­ра­ат за тоа – со Ки­рил од Мос­ква или со Вар­то­ло­меј од Ца­ри­град (Истан­бул). Проб­ле­мот е во тоа што Цар­ска Ру­си­ја сво­е­вре­ме­но се сме­та­ше за „тре­ти­от Рим“, по­точ­но за нас­лед­ник на пос­лед­на­та Рим­ска Им­пе­ри­ја, Источ­но Рим­ско Царс­тво или Ви­зан­ти­ја, ка­ко што го на­ре­ку­ва­ат исто­ри­ча­ри­те. Но, тоа не зна­чи де­ка все­лен­ски­от па­три­јарх ре­шил да се отка­же од вла­ста ту­ку-та­ка, осо­бе­но по­ра­ди жел­ба­та и на не­го­ви­те прет­ход­ни­ци да до­бие вр­хов­на цр­ков­на власт – или, ка­ко што пла­стич­но се изра­зу­ва­ат мо­сков­ски­те ми­тро­по­ли­ти, да ста­не пра­вос­ла­вен па­па. Во пра­вос­лав­но­то хри­сти­јанс­тво не­ма та­ков авто­ри­тет, то­мо­сот за приз­на­ва­ње на не­ко­ја цр­ква се до­не­су­ва кон­сен­зу­ал­но, а еден чо­век ни­ка­ко не мо­же да се прет­ста­ви ка­ко глас Бож­ји (ка­ко што е со па­па­та во Ва­ти­кан).

Си­ту­а­ци­ја­та до­пол­ни­тел­но ја ус­лож­ну­ва­ат со­вет­ски­те ко­му­ни­сти, кои, иа­ко на по­че­то­кот ја го­неа цр­ква­та (не­ли ве­ра­та е опи­ум за ма­си­те), по­доц­на, осо­бе­но по Вто­ра­та свет­ска вој­на, са­каа Ру­ска­та цр­ква да го за­зе­ме ме­сто­то на Ца­ри­град. Имаа два ар­гу­мен­та, ед­ни­от е де­ка РПЦ има 300 ми­ли­о­ни вер­ни­ци под сво­ја ка­па или две тре­ти­ни од си­те пра­вос­лав­ни вер­ни­ци, а вто­ри­от ар­гу­мент е де­ка Ру­си­ја е таа што го спа­си­ла пра­вос­ла­ви­е­то ко­га Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја го по­ко­ри­ла це­ли­от оста­нат пра­вос­ла­вен свет.

По рас­па­дот на СССР, Ца­ри­град трг­на во офан­зи­ва пре­ку приз­на­ва­ње на авто­ке­фал­но­ста на Естон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква (до­то­гаш под РПЦ) за да го на­ма­ли бро­јот на вер­ни­ци на кои се по­ви­ку­ва­ат ру­ски­те све­ште­ни­ци. Тоа бе­ше во 1997 го­ди­на, но на­бр­гу на сце­на­та се по­ја­ви Вла­ди­мир Пу­тин, кој вед­наш им зар­жи на грч­ки­те по­по­ви во Истан­бул, па Естон­ци­те се вра­ти­ја под РПЦ, но до­би­ја не­ка­ква са­мо­стој­ност.

 

МПЦ – РПЦ, ка­ков со­јуз?

Да се вра­ти­ме на на­ша­та цр­ква. МПЦ во 1967 го­ди­на прог­ла­си авто­ке­фал­ност од Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Тоа бе­ше на­пра­ве­но спро­тив­но на си­те ка­но­ни на пра­вос­ла­ви­е­то, тоа е факт, кол­ку и да не ни се до­па­ѓа. Авто­ке­фал­но­ста, по 20 го­ди­ни ју­рис­дик­ци­ја на СПЦ, бе­ше под­др­жа­на од Ти­то, та­ка ба­рем се жа­лат срп­ски­те све­ште­ни­ци, за кои оваа од­лу­ка е уште ед­на од мно­гу­те (ка­ко да­ва­ње­то авто­но­ми­ја на Ко­со­во) од­лу­ки на Ти­то за да се ос­ла­би по­зи­ци­ја­та на Ср­би­ја во СФРЈ. Ова, нај­ве­ро­јат­но, е точ­но имај­ќи ја пред­вид мо­ќта на мар­ша­лот во по­ра­неш­на­та за­ед­нич­ка др­жа­ва. Срп­ски­те по­по­ви от­то­гаш на­ва­му не мо­жат да го пре­бо­лат за­гу­бе­ни­от имот во Ма­ке­до­ни­ја (МПЦ е ин­сти­ту­ци­ја со најм­но­гу имот во др­жа­ва­ва спо­ред За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја). Ка­ко што е поз­на­то по рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, СПЦ се здру­жи со Грч­ка­та пра­вос­лав­на цр­ква, на ко­ја, се­ка­ко, најм­но­гу ѝ пре­чи име­то.

Dosie76-3

СПЦ, пот­по­мог­на­та од срп­ски­те тај­ни служ­би, по­сто­ја­но се пле­тка­ше во кру­го­ви­те на МПЦ за да ги раз­е­ди­ни. Пред скан­да­лоз­ни­от Ни­шки до­го­вор и по­ја­ва­та на вла­ди­ка­та Јо­ван, кој де­нес е рас­чи­нет, МВР фа­ти еден од срп­ски­те „уд­ба­ши“ кои во Скоп­је го под­го­тву­ваа те­ре­нот за раз­би­ва­ње на Си­но­дот на МПЦ. Та­ков бе­ше при­ме­рот со Мир­ко Ча­виќ, аме­ри­кан­ски др­жав­ја­нин со по­тек­ло од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, кој во 2000 го­ди­на бе­ше про­те­ран од др­жа­ва­ва за­тоа што не ја при­ја­ву­вал адре­са­та на жи­ве­е­ње во Скоп­је. Не­о­фи­ци­јал­но се зна­е­ше де­ка ста­ну­ва збор за опе­ра­ти­вец на КОС. Ча­виќ то­гаш твр­де­ше де­ка МВР не­за­кон­ски го из­бр­ка­ло и де­ка ра­бо­тел во ин­те­рес на МПЦ, но по­ли­ци­ски из­во­ри ги из­ве­сти­ја но­ви­на­ри­те де­ка тој шу­ру­вал и со грч­ка­та пра­вос­лав­на цр­ква. Ка­ко по­кри­тие, Мир­ко Ча­виќ, пен­зи­о­ни­ран про­фе­сор од САД, ро­дум од Срем­ски Кар­лов­ци, ре­чи­си два ме­се­ца ор­га­ни­зи­рал ба­јач­ки во еден по­друм на ули­ца Илин­ден­ска во Скоп­је. Но, тоа е са­мо еден при­мер на ро­ва­ре­ње во ре­до­ви­те на МПЦ, за кој јав­но­ста бе­ше де­лум­но ин­фор­ми­ра­на.

Зна­чи, ка­ков е со­ју­зот со РПЦ? Име­но, Ру­си­те зна­ат де­ка то­мо­сот за МПЦ е за­стра­шу­вач­ко оруж­је, нај­страш­на ана­те­ма за Гр­ци­те (уште ед­наш да по­тсе­ти­ме де­ка 90 про­цен­ти од све­ште­ни­ци­те во Истан­бул се Гр­ци). За­мис­ле­те, все­лен­ски­от па­три­јарх из­дал то­мос на цр­ква ко­ја се ви­ка ма­ке­дон­ска. От­ту­ка и пос­лед­ни­те из­ја­ви на па­три­јар­хот Ки­рил де­ка не­приз­на­ва­ње­то на МПЦ ја сла­бее по­зи­ци­ја­та на пра­вос­ла­ви­е­то.

Но, да­ли е сѐ та­ка, во на­ша пол­за? Има и кон­тра­ар­гу­мен­ти.

 

Од­лу­ки во Шам­бе­зи

Од­лу­ки­те на пос­лед­на­та кон­фе­рен­ци­ја на приз­на­ти­те пра­вос­лав­ни цр­кви во Шам­бе­зи, Швај­ца­ри­ја, во 2009 го­ди­на, со кои се ба­ра се­ко­ја не­приз­на­е­на цр­ква да би­де приз­на­е­на од дру­ги­те пред да го до­бие то­мо­сот од Все­лен­ска­та па­три­јар­ши­ја, се сѐ са­мо не до­бри за на­ша­та цр­ква.

Та­кви раз­мис­лу­ва­ња има кај по­ве­ќе те­о­ло­зи, но и кај ви­со­ки све­ште­ни­ци на МПЦ. Вла­ди­ка­та Пе­тар и ар­хи­е­пи­ско­пот Сте­фан то­гаш ги сми­ру­ваа вер­ни­ци­те де­ка не по­стои ве­то во пра­вос­ла­ви­е­то.

Но, по­крај таа од­лу­ка за кон­сен­зус, на кон­фе­рен­ци­ја­та во Шам­бе­зи цр­кви­те се до­го­во­ри­ја и за зна­че­ње­то на дру­ги­те ста­ту­си на цр­кви­те, ка­ко авто­но­ми­ја и са­мо­стој­ност. Под авто­но­ми­ја се по­драз­би­ра­ат одре­де­ни сло­бо­ди на ед­на цр­ква, но са­мо во рам­ки­те на цр­ква­та-мај­ка, до­де­ка тер­ми­нот са­мо­стој­ност го ко­ри­сти са­мо Ру­ска­та па­три­јар­ши­ја. Со тој тер­мин, исто та­ка, се оз­на­чу­ва са­мо одре­де­на сло­бо­да, но во рам­ки­те на Ру­ска­та па­три­јар­ши­ја.

МПЦ се на­де­ва на ед­на шан­са за авто­ке­фал­ност, по при­ме­рот на Бу­гар­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Таа не бе­ше приз­на­ва­на од Все­лен­ска­та па­три­јар­ши­ја це­ли 85 го­ди­ни, за на кра­јот да би­де приз­на­е­на со кр­ше­ње на ед­но чу­до ка­но­ни. Во цр­ков­ни­те кру­го­ви се сме­та за по­греш­но ре­ла­ти­ви­зи­ра­ње­то на си­ту­а­ци­ја­та од стра­на на вла­ди­ка­та Пе­тар и на ар­хи­е­пи­ско­пот Сте­фан.

Ни­ко­лај Ба­ла­шов, прет­став­ник на РПЦ, не­по­сред­но пред кон­фе­рен­ци­ја­та во Шам­бе­зи, бе­ше во Ма­ке­до­ни­ја и пред­ла­га­ше МПЦ да до­бие ста­тус на са­мо­стој­на цр­ква. Вла­ди­ка­та Пе­тар об­јас­ну­ва­ше де­ка збо­рот са­мо­стој­ност, всуш­ност, е сло­вен­ски пре­вод на грч­ки­от збор авто­ке­фал­ност.

Тоа де­нес и не вре­ди мно­гу. Со од­лу­ка­та во Шам­бе­зи е де­фи­ни­ра­но што зна­чи са­мо­стој­ност. Мо­же да би­де­ме са­мо­стој­ни, но са­мо во рам­ки­те на дру­га цр­ква, што по­втор­но ја те­ра во­да­та кон срп­ска­та во­де­ни­ца. Не­кои сме­таа де­ка су­ди­рот ме­ѓу Ру­ска­та па­три­јар­ши­ја и Все­лен­ска­та па­три­јар­ши­ја со од­лу­ки­те во Шам­бе­зи е окон­чан.

По­крај бу­гар­ска­та, со кр­ше­ње на ка­но­ни­те е приз­на­е­на и Че­шка­та цр­ква иа­ко нај­ви­со­ки­от све­ште­ник им е ми­тро­по­лит. Уште по­дра­сти­чен е при­ме­рот со Ал­бан­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Тие до­би­ја авто­ке­фал­ност од Ца­ри­град, са­мо врз ба­за на еден де­крет што го до­не­соа, и тоа не­о­дам­на.

Александар Божиновски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top