Побрзајте да поднесете Годишна даночна пријава, бидејќи крајниот рок за тоа истекува на 15 март. Досега вкупно 23.565 граѓани поднеле годишна даночна пријава, од кои 120 по електронски пат, а годинава се очекува да се поднесат 200.000 даночни пријави, информираше Весна Новаковиќ, од Канцеларијата за односи со јавност и комуникација на УЈП.
Минатата година, како што нагласи таа, биле поднесени вкупно 174.181 годишни даночни пријави, а за оваа година се предвидува дека ќе има зголемување на поднесените пријави за екстра приходи, со тоа што вообичаено досега најголемиот број на пријави се поднесуваат последните денови пред истек на рокот.
Во системот за електронско поднесување на даночни пријави „Е-Даноци“, се регистрирани околу 10.600 регистрирани лица, од кои 120 веќе ја искористиле можноста преку елекронски пат да ја поднесат годишната даночна пријава.
Секое лице кое што во текот на минатата година остварило дополнителен приход има обврска да поднесе годишна даночна пријава до Канцелариите на Управата за јавни приходи.
Обврска за поднесување годишна даночна пријава имаат лицата кои издавале под закуп станбен или деловен простор, склучиле авторски договор и права од индустриска сопственост, лицата кои добиле дивиденда или камата по основ на заем даден на физичко или правно лице, лицата кои оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, се остварила добивка од игри на среќа, и „други приходи“…
Лицата кои во текот на годината оствариле само приходи од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност, немаат обврска за поднесување на ГДП.
Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе преку Интернет страницата на УЈП или да се побара во даночните канцеларии на Управата. Потребно е да се пополни во два примерока и да се поднесе во надлежната даночна канцеларија, според местото на живеење или по електронски пат преку „Е-даноци“, како и во Контакт центарот во Градскиот трговски центар или да се испрати препорачано преку пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство