| четврток, 6 декември 2018 |

Ивана Кнез: Тамара е нашата Брижит Бардо

Za najdobrite MTV 2014  (21)

Впечатливо издание на „МТВ за најдобрите“

Дали Тамара носеше долна облека на доделувањето на наградите „МТВ за најдобрите“ е прашањето кое денеска беше најпоставувано. Провокативната Тамара мамеше воздишки синоќа во новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ), каде што се доделуваа награди за најуспешните. Секогаш втора на фестивалите, прекрасната Тамара синоќа доби награда за најдобар поп-хит за „Готово е“. Гласот и стасот на Тамара немаат конкуренција во Македонија, велат многумина, а откако соработува со модната дизајнерка Ивана Кнез, таа буквално се прероди.

tamara

На снимањето на „Хит на месецот“ на МТВ

– Да речеме вака: Во фустанот кој го носеше Тамара има сошиено долна облека – мистериозно објаснува Ивана Кнез, која се грижи за изгледот на Тамара повеќе од една и пол година.

Сите појавувања на Тамара во јавност во овие 18 месеци се внималтено испланирани – од настапите на фестивалите, преку гостувањата во телевизиските емисии. И сите коментираат дека таа изгледа прекрасно!

tamara11

Тамара на последниот Скопски фестивал

– Тамара е нашата Брижит Бардо! Знаете колкав струк има таа? 59! Оригинал Брижит Бардо! Соработката со неа почна случајно – во излог виде едно златно здолниште и посака да го облече. Оттогаш трае нашата соработка – вели Кнез.

Никој не ја заборава Тамара на последните две изданија на Скопскиот фестивал кога таа, покрај гласот, ја покажа и својата фигура.

– Секогаш е подготовена да експериментира и, што е најважно, таа слуша сугестии. Таа е одлична за соработка – додава Кнез.

tamara5

Тамара ова лето на концертот во летно „Колосеум“

В среда е шоуто кое сите го очекуваат со нетрпение, „Златна бубамара на годината“ и Кнез најавува изненадување.

– Ќе ја видите Тамара каква што не сте ја виделе досега. Тоа ќе биде нешто сосема спротивно од она што го видовте на „МТВ за најдобрите“ – вели Кнез.

tamara1

Фотосесија за „Плејбој“

Освен Тамара, креациите на Кнез ги носи и нашата најдобра манекенка Катарина Ивановска, а највпечатливо беше изданието на Ивановска на Скопскиот фестивал.

skopje fest 02

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top