| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши заложничката авионска драма, нема повредени

etiopian airlinesЗаврши заложничката драма со киднапираниот на етиопскиот авион. Киднаперот на авионот што принудно слета на аеродромот во Женева е приведен. Според информациите, состојбата е под контрола и нема повредени, соопшти полицијата.

Станува збор за еден човек, а не за група киднапери. Нема информации колку луѓе се наоѓале во авионот од типот „боинг 767“, кој летал од Адис Абеба за Рим.

Аеродромот во Женева е привремено затворен и во тек е полициска операција.

Боинг 767“нa „Етиопијан ерлајнс“ слета принудно на меѓународниот аеродром во Женева рано изутринава. Медиумите во Швајцарија претходно јавија дека пилотот дал сигнал за киднапирање и „боингот“, придружуван од воени авиони, бил приземјен во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top