Вкупно 360 литри увезено млеко од „Дукат“ се сомнителни и се сместени во магацините на дистрибутерите. Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство, во четврток ќе се знае дали млекото е токсично, објави Дневник.
Како што соопшти директорот на Агенцијата, Дејан Рунтевски, овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет.
Според Рунтевски, контролите на афлатоксини во млеко не се дел од редовните анализи на граничните премини. Обично се спроведуваат по добивање евентуални сознанија за можно присуство на недозволени супстанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.