Хулахопките, кога првпат се појавија, засекогаш го сменија модниот свет, но и животот на многу жени воопшто. Нивната комерцијална продажба почна точно пред 75 години, пишува „Би-Би-Си“.
Првите хулахопки биле направени во американската компанија „Дупонт“ и тогаш се говорело дека се направени од висококвалитени влакна. Откако почна нивната масовна употреба, една година по производството, стана јасно дека тоа е производ, кој ќе го обожаваат жените во цел свет.
За усовршување и изработка на овие чорапи е задолжен д-р Волис Каротерс и неговиот тим. Кога се појавиле на пазарот, биле евтини за денешни услови, а цената им била помала од два долара. Исто така, биле подостапни во однос на свилените чорапи.
Прототип на хулоахопките бил прикажан и на Светска изложба во 1939 година, заедно со клима-уред, фотографија во боја и уште неколку изуми, кои во тоа време биле сосема нови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.