
Речиси е невозможно незвисна Шкотска да стане членка на ЕУ и да добие поддршка за пристапување од другите земји-членки, смета претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
– Во случај да има нова држава, која би произлегла од досегашните земји-членки на Унијата, ќе мора да аплицира… и апликацијата и пристапувањето ќе мора да биде одобрено од сите земји членки – изјавил Баросо во интервју за „Би-Би-Си“.
Тој бил скептичен дека други земји би сакале да дадат поддршка за желбата на Шкотска повторно да се зачлени во Унијата по отцепувањето од Британија.
– Гледаме дека Шпанија се противи дури на признавањето на Косово, на пример, тоа е многу сличен случај бидејќи тоа е нова земја и верувам ќе биде екстремно тешко, ако не и невозможно, новосоздадена држава да стане наша членка – вели тој.
Владата на Шкотска претходно соопшти дека има намера да бара членство во ЕУ по референдумот за независност што треба да се одржи за 18 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


