| четврток, 6 декември 2018 |

Пилот киднапирал авион полн со патници, па барал азил во Швајцарија

etiopian airlines

Авион на компанијата „Етиопија ерлајнс“ бил пријавен дека е киднапиран додека летал кон Рим. Киднаперот го пренасочил авионот кон Женева каде што и слетал, а, како што јавуваат светските медиуми, сите патници и членови на екипажот биле живи и здрави.

Официјални лица од аеродромот во Женева потврдуваат дека авионот навистина бил киднапиран.

„Боинг 767-300“, кој сообраќал на релација Адис Абеба – Рим, бил принуден да ја промени рутата кога летал над Судан. Пред да слета на аеродромот во Женева, авионот направил неколку круга.  Според непотврдени информации, авионот бил киднапиран од самиот пилот чија цел било да бара азил во Европа. Тој, наводно, бил уапсен по слетувањето.

Овие тврдења неколку светски медиуми ги поткрепуваат со аудиоснимка од радио комуникацијата меѓу екипажот на авионот и контролата на летање во Женева, од каде што пилотот побарал азил или гаранција дека нема да биде протеран од Швајцарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top