Македонија во изминатите три дена на саем за туризам во Италија ги промовирала своите потенцијали пред голем број учесници од цел свет. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, туристичките потенцијали биле презентирани преку видео материјали.
„Во текот на тридневното траење на саемот нашиот штанд го посетија голем број туроператори и новинари од Италија, и голем број на потенцијални туристи кои се интересираат за религиозниот и културниот туризам во земјите од Балканот вклучувајќи ја и нашата“, истакнаа од Агенцијата.
На саемот во Италија оваа година учествувале околу 100 држави, а истиот бил проследен од голем број туристички агенции и од околу 2.000 новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.