| четврток, 6 декември 2018 |

На Босна и треба нов устав

sebastijan-kurc-1387844161-417009-564x272

На Босна и Херцеговина и треба нов Устав, изјави министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц.

– Граѓаните заслужуваат да живеат во земја која има функционална политичка структура, изјави Курц за Танјуг, додавајќи дека Босна и Херцеговина има неопходна потреба од реформи и развој.

Според Курц Дејтонскиот договор бил добар за воспоставување на мир, но дека сега е потребен нов Устав.

Тој истакна дека е потребен систем што функционира и соодветен број членови на влада со јасни надлежности.

Курц, меѓу другото, нагласи дека особено е важно ситуацијата во Босна и Херцеговина да не се претвори во етничко-верски конфликт.

Австрискиот министер за надворешни работи истакна дека е особено важно БиХ да знае дека има земји како Австрија што ја поддржуваат и дека земјата има среднорочна перспектива за приклучување кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top