| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовска-Томовска: Квалитетот станува единствен критериум за вработување

marta-arsovska-tomovska

Целта ни е да го одбереме најдобриот, прворангираниот кој што ќе биде понуден на раководното лице на институцијата и кој што ќе има обврска да го избере, за разлика од сега кога се предлагаа тројца, па се оставаше дискреционо право на министерот или на директорот да одбере некој од тие тројца кандидати. Сега тоа се укинува, значи, најдобриот влегува на работа. Квалитетот станува единствен критериум за вработување. Сите политички, партиски, лични, финансиски и секакви други влијанија на таков начин ќе бидат елиминирани, вели во интервју за Курир Марта Арсовска-Томовска, заменик-министерка за информатичко општество и администрација.

Таа додава дека со законот за административни службеници е предвидена целосно постапката за вработување и условите кои се сега малку позајакнати. Од вработените ќе се бара да поседуваат соодветно образование, работно искуство, меѓутоа и компетенции кои се општи и посебни.

0Општите се оние фини вештини кои што секој вработен треба да ги има во зависност од видот на работно место- добро ниво на комуникација, работење со компјутери, познавање на странски јазици, способност за тимска работа, стратешко размислување… и посебни компетенции кои ќе ги бара работното место- дали се доволно стручни во областа на правото, економијата, информатиката итн. Сите услови во постапката за селекција ќе бидат истетстирани. Постапката на селекција ќе се води во неколку фази. Првата ќе биде административна селекција во која што документите ќе бидат детално прегледани и ќе се провери дали се веродостојни. Потоа ќе се оди на втората фаза во која што има повеќе тестирања- стручен испит, проверка на интелектуалниот капацитет, психолошки тест, тест за интегритет и понатаму се оди на интервју, за на крај да се направи една финална ранг листа. Прворангираниот од ранг листата се предлага на институцијата за избор. Целата постапка на селекција се врши во Агенцијата за администрација, која ќе биде опремена со специјален тест-центар во кој ќе се вршат тестирањата. Тестирањето ќе биде компјутерски, ќе биде снимени и ќе се пренесува во живо на веб-страната на Агенцијата. Веднаш по тестирањето излегуваат резултатите и тие ќе бидат пренесувани во живо. Ќе се отстрани секаква можност за интервенција во бодовите од постапката на селекција – вели таа и додава дека квалитетот станува единствен критериум за вработување. Сите политички, партиски, лични, финансиски и секакви други влијанија на таков начин ќе бидат елиминирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top