| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Врање има вонбрачно дете кое не сакал да го признае

Zoran-AntićЗоран Антиќ, градоначалникот на Врање, имал вонбрачно дете кое не сака да го признае. Српски Курир пишува за неверството на Антиќ кој своја сопруга Милена ја изневерувал со 31-годипната со Мирјана С. (31) од Врање. Антиќ и Мирјана имале тригодишен син, а мајката преку суд бара градоначалникот да го признае детето. Но Антиќ бил убеден дека неговата љубовница спиела и со други мажи. Но сакал да се заштити и од срамот кога ќе се дознае дека веќе неколку години ја изневерува својата сопруга. Сепак ДНК анализата утврдила дека градоначалникот е татко на детето, а судот одредил детето да го носи неговото презиме.

Адвокатот на љубовницата, Јован Алексиќ, изјавил дека случајот бил завршен уште пред една година во корист на Мирјана. Антиќ не сакал да коментира. Откако сфатил за што сака новинарката од Курир  да разговара со него рекол дека е во гужва. Оттогаш не одговарал на повиците.

Антиќ и неговата сопруга Милена имаат две деца. Анонимен извор на Курир тврди деканајмногу ја повредило тоа што нивните деца сето тоа го прифатиле.

-Таа сакаше да се разведе, но Антиќ  користејќи ги своите контакти ја стави на висока функција, односно шеф на Ургентниот центар во Врање и оттогаш страста се смири – рекол изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top