| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ: Само во Куманово 400 членови на СДСМ преминаа кај нас

Viktor-Cvetkovski-2

Што ќе се случеше ако ГРОМ за секој член што пристапи од СДСМ во ГРОМ свикуваше прес конференции, сигурно ќе ги имавме повеќе од 400 прес конференции. Само во Куманово пристапија над 400 членови од СДСМ во ГРОМ, а на државно ниво над 7000 членови- изјави Виктор Цветковски, по објавувањето на Мерџан Демирали дека излегува од редовите на ГРОМ и пристапува во СДСМ.

Цветковски ги отфрла обвинувањата на Демирали дека ГРОМ има дискриминаторски однос кон ромската заедница, притоа потенцирајќи дека токму тој ја имал подршката на партијата за избор во највисокото раководство.

На денешната прес-конференција, Цветковски  рече дека радоста на Бихаќка покажала две работи: прво дека ГРОМ во изминатиот период се наметнал како силен полички фактор на политичката сцена во Република Македонија и второ дека СДСМ неможела да излезе од сопствените проблеми, бидејќи сеуште немала кандидат за претседател на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top