Гувернерот на централната банка на Кипар, Паникос Деметријадис, очекува ограничувањата на трансферот и подигнувањето на пари од банките во земјата да бидат укинати до крајот на годината .
-Можеби не сите, но ограничувањата на движењето на капиталот на Кипар веројатно ќе бидат укинати во наредните неколку недели“- оценува Деметријадис.
Според него , укинувањето на сите ограничувања ќе зависи од целосното враќање на довербата во банкарскиот систем на земјата, како и од владиниот напредок во спроведувањето на реформите наметнати во рамките на меѓународната програма за помош.
Ограничувањата се воведени со цел да се спречи одливот на капитал од банките, откако Кипар во март минатата година доби пакет помош од меѓународните кредитори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени
-
Гутереш: Испуштивме историска шанса за обединување на Кипар


