| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајна несреќа во Гостивар, тројца потешко повредени

Во тешката сообраќајна несреќа што синоќа околу 19.30 часот се случила на улицата ЈНА во Гостивар седум лица се повредени од кои три посериозно, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во судирот учествувале две возила со гостиварски регистерски таблички „БМВ“ и „опел зафира“ и во нив имало вкупо седум лица кои сите добиле повреди. Потешко повредени се Е.И.(24), кој го управувал БМВ–то и кој добил скршеница на левиот колк, возачот на „опел зафира“ О.К(44) има повеќе скршеници на ребрата и еден од сопатниците, Н.С.(21), кој има фрактура на черепот.

Овие тројца по укажаната лекарска помош во гостиварската болница се префрлени на скопските клиники, додека на другите четири лица откако им била укажана медицинска помош се пуштени дома.

– Материјалната штета се проценува на околу 500 илјади денари. Полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото од сообраќајката и работат на утврдување на причините што довеле до неа рече Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top