Според информациите од кабинетот на Претседателот на владата, вечерва премиерот Никола Груевски ќе дојде лично да се увери во здравствената состојба на гостиварските ученици и професори од средното хемиско училиште, кои од гостиварската болница беа префрлени во Скопје.
Според информации од Клиниката, здравствената состојба на хоспитализираните е добра, анализите не покажале здравствени промени, но сепак ќе бидат задржани за таканаречени специјални гас- тестирања. Дел од медиумите на албански јазик гасот веќе го оценија како „опасен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.